19 Април, 2024
0.0263

Иако бил комунист, Тито имал добар вкус за недвижнини: Продадена вилата во Њујорк чиј сопственик беше и Македонија

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, била продадена за 50 милиони долари во готово, потврдила компанијата Даглас Елиман, најголемата агенција за недвижности во САД, пишува американскиот весник „Волстрит журнал“.

Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, резиденција на поранешната југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готово.

Продавач на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.

„Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк“, рече Тристан Харпер, агентот на Даглас Елиман кој го затвори договорот.

Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини“.

Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година, а оттогаш таа е на и надвор од пазарот во следните неколку години.

Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за вилата и дека земјите што продаваат постигнале консензус за продажбата.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за наследување на имотот на поранешна СФРЈ во странство, Република Србија има право на помалку од 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк, додека пак Македонија има право на помалку од 8 отсто од парите од продажба на зградата на постојаната мисија во Њујорк.

Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба.

Тоа беше првата зграда со два електрични лифтови, кои сѐ уште се во функција.

Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк.

За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци свртени кон Петтата авенија.

Зградата, во голема мера е недопрена со децении, нема централна климатизација, а гасот е исклучен по пожарот што избувна во електрични инсталации во 2018 година, пишува Wall Street Journal.

Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, па затоа зградата по него се нарекува и Куќа на Бикмен.

Подоцна таму престојувала и Емили Вандербилт Вајт, сопруга на Хенри Вајт, поранешен американски амбасадор во Франција и Италија, и една од ќерките на Вилијам К. Вандербилт, познат индустријалец, познат по финансирањето на изградбата на Централната железничка станица во Њујорк.

Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци