Иако заминаа над седум автобуси, сепак уште борци има во Азовстал?
Објавено во: Свет 17 Мај, 2022
Се појавија информации дека не сите украински борци се извлечени од фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариуол. Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека Киев знае колку борци сè уште се заробени во Азовстал, пренесе Би-Би-Си.
Одби да даде повеќе детали нагласувајќи дека таквите информации се „чувствителни“.
Повикувајќи се на очевидци, Ројтерс претходно објави дека најмалку седум автобуси со украински борци тргнале од челичарницата Азовстал во Мариупол.
Повеќе од 260 украински борци синоќа ја напуштија челичарницата и беа одведени на територија под контрола на Русија. Се смета дека тие ќе бидат разменети. Засега и преговорите се во прекин меѓу Русија и Украина. Се војува над 80 дена. Мариупол е скоро целосно уништен.