ИДЕ ЛИ БИЗНИСОТ: Кој прави најмногу пари од продажба на телевизори и бела техника?
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018
Кој од четирите најголеми трговски ланци за малопродажба на електронски уреди и бела техника прави најмногу пари?
Дефинитивно тоа е „Нептун“ кој има убедливо најголем промет во споредба со својата конкуренција.
2,54 милиони евра е профитот кој го имала таа компанија лани споредбено со конкуренцијата меѓу која се „Сетек“, „АМЦ“ и „Техномаркет“.
Сите од нив оствариле профит од работењето односно имаат кумулативен приход од продажба што надминува 102 милиони евра.