23 Март, 2025
0.0271

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 09:00

Добивај вести на Viber

Дивиденднит потенцијал на трите најголеми банки сега е 580 милиони евра. Колку пари од тие ќе завршат како награда за акционерите во форма на дивиденда ќе видиме наскоро

Претстои периодот во годината кој со нетрение го очекуваат сите инвеститори во акции кои имаат стратегија „купи и чувај“. Доаѓа пролетта, редовните годишни акционерски собранија и секако предлозите за поделба на дивиденда. А дивидендата е заслужена и очекувана награда за сите акционери кои не тргуваат често туку имаат стратегија да купат и да чуваат акции, секако откако претходно внимателно ќе одберат компании во кои ќе ги вложат своите заштеди.

На нашиот пазар на капитал акциите на големите деловни банки, кои котираат на берзата, се меѓу најатрактивните хартии од вредност. За да има таков тренд и цените на нивните акции да растат или да држат високи ценовни ниова придонес даваат два клучни фактори. Прво, банките во континуитет во Македонија работат стабилно и успешно и нивниот бизнис расте, а со тоа и нивните добивки. И второ, што за некои акционери е и поважно, редовно барем поголем дел од нив делат дивиденди.

Оваа мини анализа има за цел во најкратки црти да потсети на дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки. Секако врз основа на најновите податоци од билансите на состојба објавени за цела 2024 година.

Убедливо најголем дивиденден потенцијал, во конкуренцијата на трите најголеми деловни банки има Стопанска банка Скопје. Оваа банка подолго време наназад не дели дивиденда. Причина за тоа се некои отворени прашања со поголема група акционери кои имаат приоритетни акции и бараат нивна конверзија во обични акции. И веќе подолг период двете страни не можат да се спогодат за пропорцијата односно соодносот на конверзија. Токму заради тоа и банката не дели дивиденда подолг период. И за сметка на тоа нејзиниот дивиденден потенцијал надмина  400 милиони евра. Толку пари оваа голема банка чува во својата билансна ставка задржана добивка. Таа добивка може да се распредели во дивиденда. Во споредба со состојбата на крај на 2023 година акулумираната добивка е повисока за 57,7 милиони евра колку што е и добивката која Стопанска банка ја оствари во 2024 година.

Дивидендниот потенцијал на Комерцијална банка Скопје е значајно помал, но затоа што нејзините акционери се позадоволни од тие на Стопанска банка Скопје. Затоа што редовно добиваат дивиденда и таа е поголема од година во година. Задржаната добивка на крај на 2024 година е 92,4 милиони евра за 24 милиони евра повеќе од 2023 година. Нето добивката на Комерцијална банка лани надмина 80 милиони евра, а официјалната најава е дека акционерите ќе добијат највисока дивиденда досега. Бруто износот е 20 евра за акција.

Во оваа конкуренција е и НЛБ Банка Скопје. И таа има среќни и задоволни акционери кои редовно секоја година добиваат дивиденда на своите акции во НЛБ Банка. Нејзиниот дивиденден потенцијал на крај на 2024 година е 87,45 милиони евра за 5 милиони евра повеќе од 2023 година. Од таму досега нема информација колкава дивидиденда би поделиле во претстојната пролет. Но голема е веројатноста дека износот ќе биде извесен и пристоен веројатно на нивото од претходната година.

Н.С.


Можеби ќе ве интересира

„ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

„ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

ДПИ, ДЗС И УЈП КОНТАТИРАЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО: Еве што пронашле на терен

ДПИ, ДЗС И УЈП КОНТАТИРАЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО: Еве што пронашле на терен

И ДУРМО ТУРС МЕЃУ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАЈ КОИ ИНСПЕКТОРАТ КОНСТАТИРАЛ НЕПРАВИЛНОСТИ: Еве кои се другите правни и физички лица кај кои имало неправилности

И ДУРМО ТУРС МЕЃУ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАЈ КОИ ИНСПЕКТОРАТ КОНСТАТИРАЛ НЕПРАВИЛНОСТИ: Еве кои се другите правни и физички лица кај кои имало неправилности

НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

СУПЕРБРЗО МЕТРО ЌЕ ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Откриени се плановите

СУПЕРБРЗО МЕТРО ЌЕ ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Откриени се плановите

БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените