ИДЕЈА ЗА БИЗНИС: Погледнете како Наполитанците прават пари од Кристијано Роналдо
Објавено во: Финансии 20 Јули, 2018
Сувенирите секогаш се добра идеја за бизнис и заработка, туристите или вистинските вљубеници тешко им одолеваат. Ги има разни, па во тоа море од идеи е тешко да се биде оригинален. Изгледа дека Наполитанците, сепак успеале.
Уличните продавачи во Наполи почнале да нудат тоалетна хартија со ликот на Кристијано Роналдо, новиот играч на Јувентус, јавија италијанските медиуми.
На наполиските улици одамна може да се купи тоалетна хартија со грбовите на Јувентус, Рома...
Ликот на Роналдо исто така се најде на полиците „рамо до рамо“ со Гонзало Игуан, некогашен љубител на Наполитанците кој во меѓувреме преминал во Јувентус.