ИДЕНТИФИКУВАНО МОМЧЕ: Уште еден Балканец меѓу загинатите во Германија
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2020
Романец има меѓу загинатите во пукањето во германскиот град Ханау.
Информацијата денеска ја потврди романскиот претседател Калус Јоханис. Се работи за 23 годишниот Виорел Паун. Деветте жртви се убиени во двата одвоени напади во наргиле барови, по што убиецот, идентификуван како Тобиас Р. се вратил дома, ја застрелал мајка си и себеси.
Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека доказите упатуваат на тоа дека напаѓачот бил „отруен од расизам“.
Во нападот загина државјанин на БиХ, Бугарија, но и турски државјани.Убиецот во проштално писмо напишал дека екстремизмот е жив.
Министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер изјави денес дека нападот е јасно расистички мотивиран терористички напад.
Тој укажа на фактот дека станува збор за трет десничарски терористички напад во само неколку месеци.