Иднината доаѓа: Почнува плаќање со отпечатоци од прсти
Објавено во: Економија 11 Октомври, 2019
- NatWest започна тримесечна проба на биометриски кредитни картички со отпечатоци од прсти со 150 клиенти.
Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега се издадени кредитни картички за прв пат.
Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со помош на проверка на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти и зголемување на сегашната граница од 30 фунти.
Картичката се напојува преку терминалот и кога клиентот ќе ја претстави картичката, зелено светло на картичката означува дека отпечатокот од прсти се совпаѓа успешно.Џорџина Булкли, директор за иновации, од NatWest рекла: "Следејќи го успешниот пилот на нашата биометриска дебитна картичка, ние сакаме дополнително да ја тестираме нашата технологија за кредитни картички. Ова е најголем развој во технологијата на картички во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку им олеснува и на нашите клиенти да плаќаат за стоки или услуги". NatWest работи со MasterCard и дигиталната компанија Gemalto за да донесе услуги на клиентите во Велика Британија.