22 Мај, 2018
0.3323
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

(ВИДЕО) „ИДНИНАТА СТИГНА“- iPhone X ќе се отклучува со „поглед“

Објавено во: Стил 13 Септември, 2017

Епл вчера го претстави новиот iPhone X, својот најнапреден уред досега.

Тим Кук на настанот во свечената сала „Стив Џобс“ го најави како „најголем чекор напред уште од оригиналниот iPhonе“ кој ќе го „отвори патот на технологијата во наредната деценија“.

Новиот телефон нема веќе „Home“ копче-се отклучува со едноставен поглед на екранот бидејќи има Face ID технологија на препознавање лице.

Фил Шилер потпретседател на маркетинг во компанијата Епл, објаснува дека телефонот прво прави математички модел на лицето на сопственикот.

Биометриското препознавање на лицето наводно е многу попрецизно од TouchID технологијата за скенирање отисок од прст, која ја имаа досегашните модели, вклучувајќи го и новопретставениот iPhone 8. 

Новата технологија ќе биде користена за „Анимој“ анимирани емотикони, кои се контролираат со мимика од сопственото лице.

Телефонот имено, ги следи вашите изрази и ги користи за анимирање на емотикони.

Како и новата „Осмица“  iPhone X ќе се служи со иста бежична Qi технологија за полнење.

И покрај зголемените перформанси, од Епл велат дека телегонот ќе трае „два часа подолго од iPhone 7“.

Исто така телефонот е отпорен на вода и прашина.

Ќе биде достапен од 3 ноември (претпорачки ќе бидат можни од 27 октомври) во црна и бела боја, по цена од речиси 1 000 долари за верзијата од 64 GB, односно 1 150 долари за верзијата од 256 GB.



Можеби ќе ве интересира

МИС НА СВЕТОТ 2018 ВО ДЕКЕМВРИ ВО КИНА: Неизвесно учеството на Македонија

МИС НА СВЕТОТ 2018 ВО ДЕКЕМВРИ ВО КИНА: Неизвесно учеството на Македонија

ИНТЕРВЈУ МАРКО КОВАЧЕВИЌ: Блиска средба со ѕвездите на Холивуд

ИНТЕРВЈУ МАРКО КОВАЧЕВИЌ: Блиска средба со ѕвездите на Холивуд

БИЗАРНА ТРАДИЦИЈА: Каде заврши бидермаерот на Меган Маркл?

БИЗАРНА ТРАДИЦИЈА: Каде заврши бидермаерот на Меган Маркл?

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СТРЕСОТ И ВОЗЕЊЕТО: Електричните автомобили ја смируваат психата

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СТРЕСОТ И ВОЗЕЊЕТО: Електричните автомобили ја смируваат психата

Од другата страна на огледалото

Од другата страна на огледалото

Од прва рака: Како Меган Маркл се подготвуваше за големиот ден: „Тоа утро беше совршено“!

Од прва рака: Како Меган Маркл се подготвуваше за големиот ден: „Тоа утро беше совршено“!

ИМА 121 ГОДИНА: Но, и една желба за во иднина

ИМА 121 ГОДИНА: Но, и една желба за во иднина

КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Најубавите парови, фустани и познати од кралската свадба!

КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Најубавите парови, фустани и познати од кралската свадба!

Меланија Трамп се врати во Белата Куќа

Меланија Трамп се врати во Белата Куќа