ИДНИНАТА СТИГНА: Тие се возат во воз на ветер
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017
Холандија планира сите нејзини возови да се движат со помош на ветер, односно на струја од ветер.
Земјата користи енергија од обновливи извори веќе долга низа години, но целата и е својата цела железничка мрежа од преку 2600 километри да ја префрли на еко фарми.
Иако изгледа како да оди се по план, државата сега сака тој процес да заврши пред планираното.
„Целта била од јануари следната година 100 отсто од нашите возови да одат на погон со помош на ветро-турбини“, рекол портпаролот на компанијата NS (Nederlandse Spoorwegen).
Пред две години Енеко енергетската компанија од Ротердам и Вивенс , конзорциумот на холандските железнички комапнии кои ја вклучуваат и државната фирма Nederlandse Spoorwegen (NS) потпишале договор според кој тоа би требало да се оствари.
Планираме половина од производството да биде во Холандија, а другата половина во Белгија и Скандинавија.
„Ние сега всушност дојдовме до целта година дена порано отколку што планиравме, бидејќи 95 отсто од возовите веќе одат на ветер“, рекол портпаролот.
Како што соопштиле двете компании, околу 600 000 патници биле први на светот кои патувале во воз на ветер.