25 Април, 2024
0.0269

Идните пензионери имаат една милијарда евра во двата задолжителни пензиски фонда

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На крај на март во двата отворени задолжителни пензиски фондови штедат вкупно 475.249 лица, а најголем дел од нивните пари – над 600 милиони евра се вложени во домашни обврзници (н.з. во најголем дел државни хартии од вредност). Во македонски акции двата фонда имаат вкупно 33 милиони евра, а во странски инвестициски фондови и во странски акции повеќе од 280 милиони евраНашиот пазар од април почна со работа и трет задолжителен отворен фонд сопственост на словенечката компанија „Триглав“ кој за три месеци собра 2,37 милиони евра

Двата задолжителни отворени пензиски фондови „Сава пензиски фонд“ и „КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд“ заедно имаат 1,048 милијарди евра пари за идните пензионери, покажуваат податоците за првиот квартал годинава јавно достапни на веб страницата на државната Агенција за супервизија на капитално осигурување МАПАС. Станува збор на 475.249 вработени лица од земјава кои имаат задолжително капитални финансирано пензиско осигурување во еден од двата отворени задолжителни пензиски фондови.

Средства на идните пензионери на крајот на март годинава се само за 1,6 милиони евра поголеми од средствата на идните пензионери на крајот на 2018 година. Просечно излегува дека секој иден пензионер има по 2.207 евра заштеда, но треба да се има предвид дека овој износ не е релевантен зашто во структурата има осигуреници кои уплаќаат десет години и такви кои уплатаа пократко од една година, а уплаќаат и различни износи во зависност од износот на нивните придонеси на плата.

Каде вложуваат портфолио менаџерите на двата фонда?

Најмногу пари и двата фонда чуваат во домашни обврзници. КБ Прв отворен задолжителен фонд чува 348,14 милиони евра во домашни оврзници и тоа е 59 отсто од сите средства на неговите членови – осигуреници и идни пензионери. Фондот на „Сава“ во домашни обврзници чува 258,56 милиони евра и тоа е 49,7 отсто од сите средства. Во удели на странски инвестициски фондови КБ Прв отворен задолжителен фонд чува 172,5 милиони евра и тоа е втора по големина ставка во структурата на портфолиото на овој фонд. „Сава“ во удели на стрнаски фондови чува многу помалку пари – 59 милиони евра. Но затоа пак „Сава“ вложила 59 милиони евра во странски акции, а КБ Прво во странски акции не чува ниту едно евро. Во домашни акции двете друштва вложле релативно мали износи од влоговите на идните пезнионери. „Сава“ чува 21,52 милиони евра во домашни акции, а КБ Прво има 11,68 милиони евра.

„Сава“ чува значајна сума во депозити и таа на крај на март изнесува 89,7 милиони евра. Помалку од половина од тој износ во депозити чува КБ Прво – поточно 40,2 милиони евра.  Во кеш двата фонда чуваат помалку од 5 отсто од сите средства со кои располагаат. „Сава“ во кеш на крај на март имала 26,72 милиони евра, а КБ Прво 14,8 милиони евра. КБ Прво не вложило во домашни инвестициски фондови, а „Сава“ во домашни инвестициски фондови чува 3 милиони евра.

На крајот на март годинава КБ Прво има 248.592 клиенти – идни пензионери, а „Сава“ има 228.957 осигуреници.

Кој е третиот играч на пазарот?

Реномирната словенечка осигурителна компанија „Триглав“ од почетокот на април годинава влезе на пазарот на капитално осигурување со основање на отворен фонд во вториот задолжителен столб на капитално финансирано пензиско осигурување. Според јавно достапните податоци на triglavpenzisko.mk овој фонд за три месеци работа собрал 2,37 милиони евра. Тие средства на идни пензионери досега се вложени 1,33 милиони евра во државни обврзници (вредност на 30.6.2019 година) и уште 970.800 евра во краткорочни и долгорочни депозити.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија