29 Март, 2024
0.0266

Иџе во војна со АМС: Не ми го дадоа ветеното, парите отидоа за друг автомобилист

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски спортист во автомобилизам, вели дека Агенцијата за млади и спорт му ветила финансиска поддршка без која не може да се натпреварува во европскиот шампионат на ФИА , но наместо тоа парите му биле доделени на друг автомобилист.

- Ми беа ветени 25.000 евра за котизација во натпреварувањето, пари кој јас лично не можам да ги уплатам во ова натпреварување. Тоа е исто како да одите во шопинг а да немате со што да купувате. Јас ја имав покана да се натпреварувам во ТЦР Европа, но наместо тоа, средствата отидоа кај друг автомобилист, вели популарниот Иџе кого го исконтактиравме по неговата целодневна „преписка“ со агенцијата.

Тој тврди дека не е точно тоа што го пишува во известувањето на АМС дека не се пријавил да се натпреварува во европското првенство.

- Како прво јас имам статус на спортист од национаен интерес, а тие ме деградираат со нула денари. Понатаму, јас имам лиценца од највисок ранг од ФИА и сум пријавен со архивски број во националната федерација како натпреварувач со своја програма, тврди поранешниот европски првак и најдобар спортист на Македонија за 2014.

Тој најави прес-конференција за денес или утре, на која детално ќе ги образложи своите аргументи, а „Фактор“ истовремено се обиде да стапи во контакт со директорот на АМС, Дарко Каевски, кој ни одговори дека е во странство.

Тековната натпреварувачка сезона Иџе ја искоментира како завршена и пропадната за него и дека поради тоа не може ниту да го претвори доделениот ваучер од 300.000 денари во пари кај некоја од компаниите кои инаку би биле заинтересирани да го сторат тоа наместо да платат данок. АМС претходно настапот на Стефановски го оцени како тенденциозен и дека неосновано изнесува невистини во однос на работењето на Агенцијата.

„Игор Стефановски- Иџе континуирано бил поддржуван спортист, за што говори и фактот дека, од Буџетот во 2018 година, на овој спортист доделна му е сума од 8,5 милиони денари, од вкупната сума од 20 милиони денари, наменети за Автомобилистичка федерација. На спортистот Игор Стефановски-Иџе од 2018 година Стефановски му се исплаќа паричен надоместок за стекнатата категорија Спортист од Светска категорија, во висина од 49 илјади денари месечно, или две просечни плати, и ова право ќе го остварува во период од 4 години, се разбира доколку се натпреварува во наредниот период до 2022 година. Во 2018 година Игор Стефановски -Иџе настапуваше во Шампионатот на ТЦЦР и оствари пласман согласно неговите можности, а во 2019 година не настапувал во овој систем на натпревари“, се вели во известувањето.

Стефановски на ова реагираше дека не е точен податокот дека во 2018 година од буџетот на АМС му биле доделени 8,5 милиони денари, или пак дека ваучерот во 2019 бил во износ од 500.000 денари.

„Уште поразочарувачки и тенденциозно делува напишаниот факт дека од 2018 година ми се исплаќал паричен надоместок за стекната категорија – стипендија од Светска категорија во висина од 2 просечни плати, небаре станува збор за награда која АМС ми ја доделува тукутака, а не е тоа легално стекната стипендија врз основа на постигнати резултати на меѓународен спортски план“, искоментира тој на социјалните мрежи.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“