25 Април, 2024
0.0284

Игротеките бараат уште една плата и да се знае дали ќе има скрининг за нив

Објавено во: Економија 28 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на забавни и рекреативни дејности од Услужната комора во која претежно членуваат игротеки и други установи за едукација на деца денеска доставија четири барања до Владата, од која се бара материјална и техничка поддршка заради што е можно побрзо отворање на нивните дејности.

Од таму од Владата бараат да им се обезбеди материјална помош за обезбедување на средства за превенција и заштита за безбедна работа. За задржување на работните места, мерката за финансиска помош од 14.500 денари да важи за месец јуни или да се даде еднократна финансиска помош. Побрзо да биде најавен точен датум за повторно отворање на игротеките за да нема голем број одложени прослави поради неизвесноста. Се бара да се водат дополнителни разговори и консултации со здравствените комисии заради што е можно попрецизен протокол на работа за нивно повторно отворање.

„Со разбирање и доверба од корисниците и поддршката од владата, за која сме сигурни дека ќе ја добиоеме, што поскоро да почнат со работа и објектите од нашата дејност. Потребно ни е навремено да знаеме дали скрининг ќе треба и ние да правиме, како градинките, а затоа бараме и помош, тоа чини пари, а ние сме 80 дена без работа. Киријата е проблем, платите, сметките, се ставено на куп е голем проблем, рече Трајко Николовски, претседателот на асоцијацијата, пред медиумите.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?