25 Април, 2024
0.0264

III Симпозиум „Новитети во офталмологијата“

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На 10.11.2018 (сабота) беше одржан III-от регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на очната болница „Систина Офталмологија“.

Секоја година во рамките на симпозиумот се обработува тема од офталмолошката  пракса,  која се применува во „Систина Офталмологија“ и „Свјетлост“, Загреб со што се овозможува едукација и размена на искуства меѓу медицински лица од Македонија и регионот. Предавачи беа д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина Офталмологија), проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост) и асс. Д-р Христијан Дума, проф.д-р Каролина и асс. д-р Ирина Богданова (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје).



Настанот беше посетен од околу 200 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово. Освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет.

„Секоја година, овој симпозиум е збирно место за сите офталмолози од Македонија. Се преставуваат иновации, нови пристапи и техники на работа и успешни резултати од примена на  нови методи за третман на очни болести. Оваа година имавме теми кои беа претставени од офталмолози од приватното здрасвтво и и нашите когели од државното здравство со што имаме можност за размена на искуства за офталмолошката пракса во Македнија. На овој начин се олеснува и соработката меѓу офталмолозите (независно каде работат) бидејќи единствената примарна цел е  точна дијагноза, избор на метода која ќе вроди успех, со препорака да се направи во установа која е подготвена и опремена со тим и технологија за да му помогне на пациентот.“- изјава на д-р Златко Арнаудовски.


„Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата приватна очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап. Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надгради и зголеми обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија. Од 2017-та, „Систина Офталмологија“ се проширува со свој центар во Битола, а од неодамна и во Тетово и Гостивар.

Денес, заедно со хрватскиот партнер бројката на опслужени пациенти брои повеќе од 400.000 илјади пациенти, со вкупно 50 резидентни доктори и над 140.000 успешни интервенции.

   


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет