18 Мај, 2021
0.0218

ИЈЗ: Драстично намален бројот на новозаразени со ковид

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2021

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39 (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 26 април до 2 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Можеби ќе ве интересира

Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее, вели Димитров

Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее, вели Димитров

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Двајца починаа од коронавирусот, има и 83 нови случаи

Двајца починаа од коронавирусот, има и 83 нови случаи

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Се однесувал несоодветно: Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата

Се однесувал несоодветно: Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата

ДЕСКОСКА, РЕМЕНСКИ, КИРАЦОВСКИ, ТАНАСОСКИ - беа на високи позиции, сега веќе не се дел од партиските органи

ДЕСКОСКА, РЕМЕНСКИ, КИРАЦОВСКИ, ТАНАСОСКИ - беа на високи позиции, сега веќе не се дел од партиските органи

Вчера се вакцинирале 9.721 граѓани: Во Македонија вкупно се дадени 207.219 дози вакцини

Вчера се вакцинирале 9.721 граѓани: Во Македонија вкупно се дадени 207.219 дози вакцини

РЕКТОРОТ ЈАНКУЛОВСКИ: Етичкиот кодекс на УКИМ има одредби од превентивен карактер

РЕКТОРОТ ЈАНКУЛОВСКИ: Етичкиот кодекс на УКИМ има одредби од превентивен карактер