ИКЕА НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: „На крајот ќе настрадаат потрошувачите“

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2024 10:34
Ниту Икеа не
остана имуна на изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. По неговите
најави дека веднаш ќе воведе царини за увоз, од компанијата предупредуваат дека
на крајот ќе настрадаат потрошувачи.
Главниот извршен директор на компанијата која управува со најголем број франшизни продавници на шведскиот гигант за мебел Икеа, Јеспер Бродин, предупреди за Си-Ен-Ен дека тарифите најмногу ќе ги погодат потрошувачите.
„Генерално, не веруваме дека тарифите ќе ги поддржат меѓународните компании и меѓународната трговија. На крајот на денот, тоа ќе им наштети на нашите клиенти“, рече Бродин во средата во Лондон. Тој додаде дека царинските давачки го отежнуваат одржувањето на ниските цени и достапноста, што е филозофија на Икеа од самиот почеток на компанијата. „Никогаш немавме поволен период кога царините беа високи“, посочи тој, мислејќи и на Икеа и на глобалната економија. „Но, тоа е надвор од наша контрола. Ќе мора да го разбереме тоа и да се прилагодиме“.
Инаку, Трамп најави дека на првиот ден во Овалната соба ќе ги зголеми тарифите за сите производи кои доаѓаат од Канада, Мексико и Кина во САД на 25 отсто. За Кина, тој најави уште 10 отсто зголемување на сите постоечки царини, додека земјата не го запре увозот на забранети лекови како фентанил во САД.
Светските лидери предупредуваат дека царините можат да доведат само до слабеење на сите економии. „Една тарифа ќе биде исполнета со друга, и така натаму, додека не си ги загрозиме меѓусебните економии“, рече мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на прес-конференција во вторникот. Со Канада и Мексико, САД склучија договор за слободна трговија (USMCA) кој е во сила од јули 2020 година. Договорот го склучи тогашниот претседател Трамп, а го замени претходниот договор НАФТА.
Лобистичките организации на малопродажната и потрошувачката индустрија во САД, исто така, предупредија на заканите. Том Мадрецки, потпретседател за кампањи и специјални проекти во Здружението за потрошувачки брендови, изјави за Си-Ен-Ен дека тарифите се „јасна и присутна закана“ за неговите членови. Групацијата ги претставува Coca-Cola, General Mills, Molson Coors и многу други компании за пакувана стока.
Намалени цени и покрај загубите
Икеа најголем дел од своите производи, што е околу 70 отсто, ги произведува во Европа, додека останатите 30 отсто доаѓаат од Азија, главно од Кина. Трамп претходно најави различни нивоа на царини, вклучително и тарифи од 10 или 20 проценти за сите производи што доаѓаат во САД, што ќе вклучува и увоз од Европа. Бродин не одговори директно на прашањето дали Групацијата Ингка, која управува со повеќето продавници на Икеа, ќе го премести своето производство поради најавените царини на Трамп. Сепак, тој нагласи дека шведската компанија има долгорочни односи со добавувачите, кои во просек траат повеќе од 10 години. „Ние се држиме до долгорочни врски, во добри и лоши времиња“, рече тој. Минатата година Икеа ги намали цените на околу две илјади производи, кои ја чинат повеќе од две милијарди евра, со цел да ги привлече потрошувачите погодени од инфлацијата. Како резултат на тоа, забележа пад на годишниот приход, иако продаде повеќе артикли.
Можеби ќе ве интересира
ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск

„Неусогласеноста меѓу изјавите и фактите на рускиот претседател Владимир Путин е добро позната“: остра реакција на шефот на украинската дипломатија

Како дојде од „војната ќе ја решам за 24 часа“ до „ова не е наша војна“ - дали Трамп ја „лизнува“ Украина?!
„Новиот обид на Путин да манипулира со човечки животи“: Зеленски се огласи по најавениот прекин на војната

ПАПАТА ЈА КРИТИКУВА ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП, ВАНС ПРИСТИГНА ВО ВАТИКАН: еве како поминала средбата

ПУТИН ГИ СУПСЕНДИРА СИТЕ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ: Прогласи примирје за Велигден
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА МЕСО И СИРЕЊЕ ОД ЕУ - туристите не смеат да носат, казни до 5.000 фунти
КИНА ГО ВРАТИ АВИОНОТ НА БОИНГ ВО САД - тензиите растат - ја прекина набавката на американски авиони
ТИНЕЈЏЕР „НАПРАВИЛ“ БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ ДОМА, И НАЈМАЛО КОЛИЧЕСТВО ПРЕДИЗВИКУВА СМРТ: Дали бил инспириран од познатата серија?
