Илија Димовски: Не успеавме да воспоставиме директен контакт со Албанците

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019
Пратеникот Илија Димовски дебатирајќи во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ синоќа рече дека една од грешките на ВМРО-ДПМНЕ е што не успеала да воспостави директен контакт со етничките Албанци во Македонија.
„Дозволивме други да шират фобија кај нив против нас. Не направивме директн линк и дозволивме да бидеме злоупотребени од оваа структура на власт, иако градевме и реконструиравме училишта, водоводи и болници во средините каде што доминира албанското население исто како во местата каде што македонското е мнозинство, рече во една прилика Димовски.
Тој ова го кажа во пресрет на предвремените параментарни избори кои треба да се одржат во април следната година. ВМРО-ДПМНЕ на претходните во декември 2016 не успеа да состави Влада со ДУИ иако освои најголем број на пратенички места.
Можеби ќе ве интересира
„СЛУЧАЈ РЕКЕТ“: Сопругата на Камчев ќе сведочи за парите дадени на Катица во кутија за чевли

Извесни ли се изборите на 12 април: Политичките сигнали „матат“ одложување

КОЈ ГИ ОБЈАВИ: ЈО отвори истрага за објавените аудио записи на социјалните мрежи

И новиот комесар за европроширување сака ЕУ да ја исправи грешката

Мицкоски: Со амандмани неуставниот Закон за јазици ќе го направиме уставен

ИНСУЛИНСКА ВОЈНА - за граѓански бенефит или политички поени - каков инсулин бил уништен

Зошто и чии духови се вознемирија од „Македонски концепт“

Гасот од „Турски поток“ ќе протече кон Грција и Северна Македонија
