Илија Димовски пресмета: 6,39 денари повеќе за државата и трговците од литро гориво
Објавено во: Економија 31 Мај, 2019
Пратеникот Илија Димовски направи своја пресметка дека граѓаните сега плаќаат 6,39 денари повеќе по литро гориво за трговците и државата во однос на своевременото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата калкулација вели дека споредено со времето на претходната власт сега се плаќа плус 1,20 денари за големопродажна маржа, 1,40 денари за малопродажна маржа, 0,25 денари за транспортни трошоци, 3,00 денари за акцизи и 0,54 денари повеќе за ДДВ.
„Вкупно 6,39 денари повеќе за секое литро гориво благодарение на политички одлуки на оваа власт. Ова се давачки кои не зависат од цената на светската берза на нафтата и курсот на доларот. Сами пресметајте си колку пари плус (за Владата и трговците) ве чини секој месец и секоја година“, напиша Димовски на својот профил на „Фејсбук“.