19 Април, 2024
0.0272

Илјада денари награда за ловците кои ќе вршат отсрел на диви свињи

Објавено во: Македонија 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

На денешната прес конференција вицепремиерот и министер за економски прашања, Кочо Анѓушев ја информира јавноста дека ловците кои ќе вршат отстрел на диви свињи ќе добиваат парична награда од 1000 денари за секоја стрелана единка. Исто така, ловците ќе може да го задржат и месото.

За сточарите кои одгледуваат свињи, од мерките за заштита од болеста „Африканска свинска чума, е награда, односно надомест од 50 евра по заклана свиња, за сточарите кои доброволно ќе ги дадат свињите на колење.

Одлуката на Владата за намалување на бројот на свињи, според вицепремиерот Анѓушев е донесена за да се спречи ширењето на болеста која е појавена во Бугарија пред месец дена, додека во соседна Србија болеста е регистрирана пред неколку дена.

Болеста е штетна по свињите но не и по човекот, но може да нанесе огромни штети на македонското свињарско производство.

Веќе подолго време, оваа болест е регистрирана во Унгарија, Романија, Бугарија, земји поблиски до Македонија, пред неколку дена е регистирана и во соседна Србија, но исто така „Африканската чума“ е регистирана и во Словачка, Белгија, Литванија, Летонија, Полска, Украјна и Молдавија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?