Добивај вести на Viber
Десетици илјади Австралијци бараат по судски пат враќање на милиони долари од банки во кои се нивните сметки. Штедачите поднеле колективна тужба против злоупотребата , според нив , на банкарските трошоци.
Случајот започна денеска во Мелбурн , Австралија . Адвокатската фирма на Морис Блекбурн претставува 43,5 илјади клиенти на банката ANZ кои проценуваат дека платиле спремногу за такси . Ова е само почеток на судскиот кошмар за банките , против кои се исправија вкупно 185 илјади баратели .
Адвокатите тврдат дека банкарските наплатени надоместоци за задоцнето плаќање или пречекорување на пример, се прекумерни и прилично еднакви на неправедни казни отколку да ги покриваат реално направените трошоци од банката.
" Можете да се најдете на црвено со еден долар или еден ден да закасните со плаќањето и банките ќе ви накалемат трошоци кои немаат ништо заедничко со она што тие всушност го изгубиле поради овие ситни прекршоци" , вели Ендрју Вотсон од адвокатска канцеларија на Морис Блекбурн .
Банката прибира меѓу 25 и 35 австралиски долари ( од 17 до 24 евра ) за пречекорување. АNZ , која е една од четирите најголеми австралиски банки , е првата од осумте финансиски институции , кои ќе бидат повикани пред судот во овој случај.
Надоместоците кои можат да достигнат до 60 AUD за едно прекршување , ги чинат некои клиенти стотици австралиски долари меѓу 2006 и 2010 година.
"Банките престанаа да собираат некои такси , што е добра работа и заслужува да биде поздравена , но трошоците се уште се премногу високи и ние пак ќе поднесеме жалба по ова дело " , изјави адвокатот.
Ова колективно тврдење е финансирано од Bentham IMF - фонд , стручен во колективни побарувања . Другите нападнати од своите клиенти банки се: BankSA , Bankwest , Citibank , Commonwealth Bank of Australia , National Australia Bank , St George и Westpac .