ИЛОН МАСК ПАК ЌЕ ПРИФАЌА БИТКОИН: Најпознатата дигитална валута скокна
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2021
Најстарата и најпозната криптовалута во светот - биткоин, забележа мало зголемување од околу 1 процент во последните 24 часа. Цената на оваа дигитална монета се движеше помеѓу 34.700 и 36.100 долари, а вчера се тргуваше по цена од 35.600 долари.
Пазарната капитализација на биткоинот вчера беше 667 милијарди долари.
Ethereum, втората најпопуларна дигитална валута, порасна за скоро 2% и нејзината цена е околу 2.350 долари.
Водечките крипто-валути во последните 24 часа беа претежно „зелени“.
Она што е најново во биткоин заедницата е дека Тесла повторно ќе почне да прифаќа биткоини за плаќање кога „копањето“ на нив ќе помалку ќе ја загадува околината. Ова е најава од Илон Маск.