ИМ БИЛЕ ПОТРЕБНИ 10 ДЕНА: Крадци однеле цела куќа
Објавено во: Балкан 18 Декември, 2018
Во селото Петеранца недалеку од Копривница во Хрватска крадци однеле цела куќа за што им биле потребни 10 дена.
Монтажна куќа која била скоро готова е размонтирана до темел.
Помеѓу 5 и 16 декември крадците ја размонтирале и однеле.
Направена е штета од околу 1.500 евра.
Но, никој од соседите не забележал ништо. Првите соседи имале висока ограда, а други не биле дома во периодот кога е извршена кражбата.
фото Профимедиа