ИМ ГО ВИДОВМЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ, ПОЧНАА ДА СЕ ТЕПААТ МЕЃУ СЕБЕ - Вучиќ за протестантите
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2020
Од Париз каде што е во посета српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа се обрати во врска со актуелните случувања во Белград.
„Му порачувам на народот да не се грижи, добар дел од хулиганите ќе бидат уапсени, ќе мораат да одговараат за своите злосторства. Мислам дека конечно паднаа сите маски, можете некого да залажувате еден ден, но сега го видовме вистинското лице. Почнаа да се тепаат меѓу себе, а потоа бараа помош од полицијата, која претходно истите ја напаѓаа. Тие се уапсени и дадена им е медицинска помош“, истакна Вучиќ за ТВ Пинк.
Коментирајќи ги протестите, тој изјави дека станува збор за „чист тероризам“.
Според него, 95 отсто од народот е против немири на улиците. „Никој нормален не го прифаќа тоа. Видовте некои поранешни пратеници кои грабаат од народот. Нема никој да дојде на власт со насилство, туку само на избори. Ги молам луѓето да не излегуваат на протести, за да не завршат в болница“, нагласи српскиот претседател.