28 Септември, 2024
0.0276

ИМ СОБРАЛА НАД 18 ИЛЈАДИ ЕВРА ВЕТУВАЈЌИ РАБОТНИ ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА - ОЈО со истражна постапка против измамничка

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Се претставувала како вработена во Германска амбасада и во Министерството за внатрешни работи и на осум лица од Гостивар лажејќи ги дека ќе им обезбеди работна виза за Германија им собрала 18.500 денари. 

Како што објавува Основното јавно обвинителство Гостивар донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

- Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РСМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист.

На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земела парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици - објаснуваат од ОЈО.

Од Обвинителство додаваат дека со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“