ИМ ВЕЛАМ НА ЛУЃЕТО СЛОБОДНО ЗБОРУВАЈТЕ НА ТЕЛЕФОН - Заев охрабрува: Кој друг би слушал и би одел затвор 12 години

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021
„Во борбата со корупцијата и криминалот важна е пораката од оној што е фатен на другите да не им текне да прават незаконски дејствија. Овие денови додека зборуваме на телефон, луѓето обично користат апликации, и јас им велам слободно зборувајте никој друг нема да се нафати да прави нешто за да лежи 12 години затвор. Пораката на санкцијата, на казната, е да не се повтори никогаш повеќе“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ и „Слободен Печат“.
„Во кампањата „Вистината за Македонија“ објавивме 36 бомби и пораката на крајот секогаш беше никогаш да не се повтори. Расчистувањето со претходниот режим е сериозна активност на оваа Влада. Сите зборевме за стотици милиони или милијарди украдени пари. Тие пари „бушат“ системи. Не е лесно да придвижите процеси на најтранспарентен и отворен начин каде што новинарите очекуваат за секое рочиште да завршат процесите. Дали со ослободителна или осудителна завршница, процесите завршуваат. Најважниот за прислушувањето е пресуден. Вториот, делата за изборите кои што го викаат „Титаник“ е исто толку важен. И сите други“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.
Тој додаде дека мора да бидат „впрегнати механизмите на реакција“ и граѓаните да пријавуваат, да го дадат својот придонес за да се добијат индиции, а институциите потоа имаат механизми како да ги процесираат сторителите.
„Денеска пред правосудството имате исправено градоначалници од СДСМ, политичари од СДСМ и се борат за својата правда да докажат дека се невини. Законот мора да важи за сите. Дали се случува корупција на пониско или на високо ниво, таа еднакво е болна за општеството. Да му земеш 50 евра на сиромашен човек за нешто што му следува е катастрофа, тоа ја урнисува душата. Тоа болно и не е дозволиво за никого“, потенцираше претседателот на Владата Заев, и додаде дека правдата мора да ги опфати сите по хоризонтала во царината, во полицијата, во здравство, во образование, како и оние по вертикала, односно високата корупција.
Можеби ќе ве интересира
Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат
