ИМА ДВЕ ЌУКИ, КРЕДИТ, ПУШКА И ПИШТОЛ: Каков имот поседува новиот потпретседател на Собранието Рамчиловиќ
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2019
По жестока расправа Зеќир Рамчиловиќ беше меѓу „избрканите“ од ВМРО ДПМНЕ и стана дел од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, доби зелено светло и стана потпретседател во Собранието.
На почетокот на месецот ја напушти пратеничката група а на новата функција доаѓа по препорака на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.
Фактор ѕирна во имотната состојба која новиот потпретседател ја има доставено до Државната комисија за спречување корупција како пратеник а дали истата ќе претрпи некои промени по новиот избор на Рамчиловиќ останува да следиме.
Според анкетниот лист , Зеќир на свое име има земјиште , две куќи, моторно возило но поседува и оружје а има и кредит.
На име на родителите пријавил земјоделско земјиште во Долно Коњари.
Имено и двете куќи кои се на негово име се наоѓаат во Долно Коњари а едната од нив која има површина од 168 м2 е проценета на 1,8 милиони денари.
Помалата пак, од 123 м2 е проценета на 600 000 денари.
Од 2015 година Рамчиловиќ земал кредит од 480 000 денари на шест години.
Тој вози Голф 5 проценет на 162 илајди денари а поседува и оружје, односно ловна пушка и пиштол кој според имотниот лист го купил годинава.