ИМА И ТОА: Француска компанија во Србија делела откази во менза
Објавено во: Економија, Балкан 07 Април, 2020
Додека граѓаните секаде во светот во налетот на
пандемијата живеат во страв за за своето здравје, и додека државите воведуваат
сет мерки, финансиска помош за компаниите полесно да се преброди кризата,
француската компанија Хачинсон која се занимава со производство на гумени црева,
во Србија, буквално преку ноќ, во време на вонредна состојба, отпуштила повеќе
од 300 вработени.
На работниците, отказните решенија им биле делени во мензата, а на оние кои не сакале да ги потпишат директорката им рекла:
-Нема ваш потпис, па и не треба. Ако сакате работете, но нема да ви биде платено, тврдат работниците од оваа компанија.
Една од работничките, Цвета Благојевиќ, за српски Курир тврди дека отказните решенија им се доделени без никаква претходна најава во петокот на 3.април.