19 Април, 2024
0.1501

Има ли ФЕНИ светла иднина и со кој сопственик?

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарската енергетска компанија Енекод која наводно потпишала договор за преземање на фабриката за феролегури „ФЕНИ“ од Кавадарци тврди дека македонските банки на кои имаат побарувања од 40 милиони долари ја блокираат трансакцијата со Кунико актуелните сопственици на ФЕНИ со неразумни барања.

Енекод смета дека трите банки ја блокирале понудата за преземање бидејќи истата била недоволно висока и дека во игра биле други заинтересирани инвеститори кои имаат поголема финансиска моќ. Рајчо Кацаров, директорот на бугарската компанија Енекод, истакнува дека сакаат да вложат во ФЕНИ но, од банките им биле поставени неразумни услови па се сомнева дека тие сакаат да издејствуваат друг субјект да ја презеде компанијата од Кунико.

„Нашите взаемни односи со“ Фени „започнаа во август 2017 година До средината на месец септември ние им бевме снабдувач на електрична енергија. До средината на септември тие си плаќаа за испорачаните од наша страна количества електрична енергија, и тогаш престанаа да плаќаат. По што ние – како еден вид кредитор – отидовме во Скопје да побараме од раководството на компанијата одговор, зошто се прекинати исплатите. и како предвидуваат да го платат долговите. Во истиот момент во Скопје беа сопствениците на компанијата и тие ни спомнаа дека компанијата ќе биде продадена за 1 долар наспроти обврските. Во моментов обврските се околу 37 милиони евра кон банките и околу можеби уште 20 милиони кон други добавувачи, вклучувајќи и кон нас. Активите на компанијата во моментов се од редот на 160 милиони долари“ изјав Кацаров за бугарската агенција БГНЕС.

Инаку македонските банки Комерцијална, Стопанска и Силк Роуд тврдат дека Кунико имал обврска да побара нивно мислење за продажба на компанијата бидејќи долгот е превисок и нив им се потребни гаранции дека новиот сопственик ќе може да го сервисира долгот за кој се подготвени да го репрограмираат, но и да вложи во средства за обрт на компанијата со што ќе се гарантира постоење на ФЕНИ на долг рок.

Во принцип кога цената на фероникелот на светските берзи е пониска ФЕНИ неизбежно е да работи со загуби кои мора да се покриваат или од акумулираната добивка или пак од главнината на компанијата, а финансискиот товар на потенцијалниот сопственик ќе изнесува 1 до 2 милиони евра месечно. Секако, прогнозите се дека цената на фероникелот на берзите ќе расте со што се предвидува дека ФЕНИ може да работи рентабилно и профитабилно.

Покренувањето на стечајна постапка не е со цел да се ликвидира компанијата, туку да се обезбеди гаранција дека ФЕНИ може да се реструктуира со нов сопственик при што долгот ќе биде отплатен и ќе се постави одржлив бизнис план. Исто така органите на истрагата ќе треба да се занимаваат со потенцијално незаконското работење на досегашното раководство на ФЕНИ со комплицираните односи меѓу сопствениците на Кунико кои ја злоупотребиле креираната ескро сметка на која имало над 60 милиони долари за потребите на комбинатот, но тие никогаш не биле активирани иако еден од содружниците токму на тој основ се стекнал со над 90% од сопствеништво над Кунико, компанијата која го менаџираше ФЕНИ. Фабриката од Кавадарци не поднела ниту завршна годишна сметка, а за редовните обврски се користеле резервите со што раководството најверојатно ја довело компанијата на раб на целосна исцрпеност.

Синдикатот на ФЕНИ предводен од Ѓоре Палитов се спротистави на одлуката за поведување стечајна постапка барајќи да се исплатат работниците и да не сопре работата на комбинатот што воопшто не е во нивни интерес. Синдикалецот Палитов застана на страна на бугарската Енекод тврдејќи дека таа сака да инвестира и да не дозволи печките на ФЕНИ да згаснат што ќе предизвика дополнителни потешкотии и нови трошоци. 

„Од страна на банките до бугарскиот инвеститор Енекод се поставуваат нереални барања за гаранции кои можат да ги издадат само неколку банки во светот. Се со цел Енекод да се откаже од купувањето на Фени. Сакам да ја информирам јавноста дека Енекод веќе потпиша договор за купување на Фени и договорот е во сила. Исто така се поднесени документи до Централен Регистар за назначување на бугарскиот инвеститор за превземање на директорските функции во Фени. Ва целиот случај се работи за лични интереси на поедини моќници во државата“, изјави Палитов.

Наводно според него зад обидот да се преземе ФЕНИ стои швајцарски фонд со засега непознат капитал и дека во игра се поранешни директори на ФЕНИ од Грција. Вработените на ФЕНИ се подготвени и да штрајкуваат како и на порадикални мерки за да ги заштитат своите интереси.

Постапувајќи по предлог на доверителите Основниот суд во Велес поведе претходна постапка за кавадаречкиот комбинат за фероникел „Фени Индустри“ и закажа рочиште за испитување на условите за отворање на стечајна постапка што ќе се одржи на 13 ноември.

Владата тврди дека нема никаков свој интерес во ФЕНИ која е во приватна сопственост туку само дека ќе се грижи фабриката да продолжи да работи што е интерес како на вработените, така и на целиот град кој е поврзан економски.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји