29 Март, 2024
0.0264

Има ли лажирани финансиски извештаи за ТЕ-ТО: Акционери бараат заштита

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност ја доставила целокупната документација во која има сомневања дека ТЕ-ТО објавувал невистинити податоци во финансиските извештаи до Советот за унапредување и надзор на ревизијата и до Институтот за сметководители. Таму но и во Македонската берза стаса барање за реакција од дел од акционерите во некои од компаниите чии побарувања се отпишуваат со планот за реорганизација на ТЕ-ТО. Инвеститорите тврдат дека дел од финансиските извештаи се лажирани, а тие оштетени. Од Комисијата за Фактор сепак велат дека за случајот е надлежен судот и дека немаат намера да се мешаат. Од Македонска берза исто така ни изјавија дека немаат ингеренции за реакција.  

„Очекуваме најскора реакција од Македонска Берза и Комисијата за хартии од вредност, во смисла на став, мислење, препорака и слично до јавноста и надлежните институции за забрзано испитување, спречување, разрешување и санкционирање на сите неправилности направени во случајот со стечајот и предложената реорганизација на гасната централа ТЕТО со што самоволно предлагаат, (а законски не смеат) отпис на 90% од своите обврски или цца 150 милиони Евра према сите доверители, со што се воспоставува скандалозна единствена пракса, недоверба, нарушување на пазарот, кршење на облигационите односи, владеење на правото, кршење на највисоки судски пресуди, стои во барањето од акционерите.

Од КХВ велат дека во конкретниот случај заштитата на акционерите се сведува на иницирање на проверка дали е постапено спротивно на забраната - овластен сметководител на гасната централа ТЕ-ТО АД Скопје да потпише неточен или некомплетен финансиски извештај, односно финансиски извештај што предизвикува заблуда, а овластен ревизор да даде мислење спротивно на стандардите за ревизија,  пропишани со Законот за ревизија.

„Заради ова, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија целокупната документација од институционалниот инвеститор за сомневање за објавување на невистинити податоци за финансиската состојба на ТЕ-ТО АД Скопје во ревидираните финансиски извештаи на друштвото, изработени од Друштвото за ревизија КПМГ Македонија ДОО Скопје, ја достави до Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ,  а повратен одговор сеуште не е примен во Комисијата.Исто така, Комисијата се обрати и до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија заради проверка на постапувањето на овластениот сметководител на ТЕ-ТО АД Скопје во конкретниот случај, велат од КХВ.

Додаваат дека Комисијата за хартии од вредност нема надлежност да го цени работењето на судовите  и  дека верува  дека судскиот систем со своето делување е тој што воспоставува кредибилен систем на корпоративно управување  во земјата, пред се преку доследна примена на  Законот за стечај.

Од берзата се децидни дека немаат ингеренции.

„Компанијата ТЕ-ТО не е котирана компанија и затоа не подлежи на правилата за котација на компаниите на берза. Макеоднска берза нема ингеренции да бара какво било известување од ТЕ-ТО, а и компанијата нема обврска да ја доставува до нас. Немаме ингеренции да реагираме, затоа што не подлежи на правилата з акотација, велат од Македонска берза.

Фактор веќе пишуваше дека компании чии долгови се отпишуваат во вредност од 90 отсто со планот за реорганизација на ТЕ-ТО се чувствуваат изиграни. Обвинуваат за неправилности во водењето на стечајната постпка. Најголеми доверители се Топлификација, Комерцијална банка, турската компанија Гама гуч, на кои пред стечајот ТЕ-ТО им должел над 40 милиони евра од кои 30 милиони евра се само на Топлификација. Вкупниот долг кон таканаречените необезбедени доверители надминува 150 милиони евра, а меѓу нив има и други компании па и државни институции. На сите нив ТЕ-ТО треба да им врати само 10 отсто од сумата коај им ја должи и тоа во два наврати.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат