Има ли нуклеарки во Грција?
Објавено во: Балкан 19 Април, 2018
Лидерот на грчката Комунистичка партија, Димитрис Коуцоумпас тврди дека Владата на премиерот Алексис Ципрас им дозволила на Американците да распоредат нуклеарно вооружување во Грција.
Вели дека Американците натрупуваат нуклеарно вооружување во воената база Араксос, западно од Атина.
Во интервјуто за грчката телевизија "ANT1 TV", Коуцоумпас изјави дека на територијата на земјата се наоѓаат повеќе американски и воени бази на НАТО Алијансата, а грчката јавност не е свесна за тоа.
Додава дека американски воени дронови се распоредени во базата „Лариса“ јужно од Солун, додека пак американски воени хеликоптери исто така се распоредени во базата Александрополи во близина на границата на Грција со Турција. Тој порача дека американска воена опрема има и на грчкиот остров Крит, поточно во базата Соуда.