19 Април, 2024
0.0477

ИМА ЛИ ОПАСНОСТ - ако се затемнат телевизиските канали, може ли пиратеријата да влезе на голема врата

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Се отвора ли можност на голема врата во земјава да влезе повторно „пиратеријата“ во телевизискиот простор? Дали со последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, наместо прокламираната заштита на авторските права, ќе се постигне токму спротивен ефект?

Ваква разврска на настаните би можела да се наметне по најавите од кабелските оператори дека ќе прекинат со емитување на сите програми од нивниот пакет, освен оние на јавниот сервис, доколку не се најде решение кое ќе биде задоволително за сите инволвирани во овој бизнис. 

Доколку заканата од операторите се оствари, а информациите велат дека ќе стартува од утре, тогаш многумина ќе мора да ги враќаат антените за да ги гледаат македонските телевизиски канали. Или, пак, ќе се определат за многу попопуларната опција, а тоа е да станат корисници на IPTV - интернет телевизија, преку која ќе можат да следат и повеќе илјади канали од целиот свет, вклучувајќи ги сите домашни, и најпопуларните регионални, филмски и спортски канали.

На социјалните мрежи и на интернет страниците специјализирани за огласување „врие“ од понуди за инсталирање на ваков тип телевизија, каде за три до пет илјади денари годишно надоместок, граѓаните ќе имаат море од избор на ТВ канали од најразличен жанр, вклучувајќи и многу со HD квалитет. Упатените ова го нарекуваат за малку пари - богат избор, но сепак на диво гледање на телевизиски програми. Тие сметаат дека доколку актуелната ситуација не се надмине со обостран компромис, ќе загубат сите, бидејќи гледачите нема да се воздржат да го искористат ваквиот начин на ТВ забава. 

ВЛАДА: ВО 2018 КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ СЕ СОГЛАСИЈА СО ИЗМЕНИТЕ

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, вели дека забраната за емитување на странски програми без, според него, регулирани авторски права, е усвоена уште со законските измени од 2018.

Кога Собранието во 2018 година ги усвои законските измени со кои се забранува емитување на странски програми без регулирани авторски права, имаше согласност и од кабелските оператори и од националните медиуми како засегнати страни. Дополнително, во врска со ова прашање постоеше и политички консензус, откако ескалираше спорот на релација национални медиуми - кабелски оператори поради авторските права. Тогаш беше утврдено дека законските измени ќе важат по изборот на нов состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која требаше да изготви подзаконски акти врз основа на законските измени, меѓутоа тоа одби да го стори. Поради политичката блокада на ВМРО-ДПМНЕ во матичното собраниско тело за избори и именувања, не беше возможно да се избере нов состав на ААВМУ, па Собранието пред распуштање едногласно изгласа законската измена од 2018 година да стапи во сила“, објаснува Манчевски.

Според него, кога почна да се пролонгира примената на законската измена од 2018 година, проблемот останал, со тоа што продолжиле да не се почитуваат авторските права. 

„Сега, откако тој почна да важи, кабелските оператори бараат да не важи одредбата што предвидува кривична одговорност за нивните одговорни лица во за непочитување на законот“, вели Манчевски.

Тој апелира проблемот со непочитување на авторските права да не се префрла на сметка на граѓаните, особено во предизборен период.

„Решението е во седнување на маса и заедничко надминување на проблемот. Решение има, само треба да постои и волја. Факт е дека мора да ставиме крај на беззаконието со непочитувањето на авторските права, кое е стандард во сите европски земји. Исто така, факт е дека со подзаконски акти треба да се допрецизира имплементацијата на законот со цел да не постои страв од неоправдана одговорност. Апелираме на разум и дијалог. Владата стои на располагање колку што може да помогне во овој процес“, вели Манчевски.

ОПЕРАТОРИТЕ БАРААТ УСТАВЕН СУД ДА ЈА СУСПЕНДИРА ПРИМЕНАТА

Експресно му возвратија кабелските оператори. Тие велат дека не сакаат да ги исклучат ТВ каналите. Напротив, потенцираат, ги направиле сите потребни чекори да не дојдат во таква ситуација која им ја налага законската регулатива. 

„Но, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нас претставуваат акт на јавна власт кој има ефект на ситуација на Виша сила и го оневозможува нашето нормално работење. Ние, како и досега докажавме дека сме подготвени за дијалог со сите засегнати страни. Но, за жал нашите укажувања за неприменливоста на овие измени не завршија со конструктивно решение. Напротив, измените на законот беа донесени по брза и нетрансапретна постапка на последната седница на Собранието пред неговото распуштање. Не вродија со плод ниту укажувањата од Европската комисија дека ваквите измени се спротивни на ЕУ директивите и дека вакво законско решение не постои во ниту една земја членка на ЕУ“, велат од Здружението на Информатичко- комуникациските технологии.

За операторите, ваквата одговорност која им се наметнува е апсурдна. Тие сметаат и дека овие законски измени се спротивни на Уставот, поради што и поднеле Иницијатива до Уставниот суд за носење на времена мерка, со што очекуваат примената на овој закон да биде суспендирана, се додека Уставниот суд не донесе одлука за поништување на овие неуставни измени на Законот.

Оттаму нагласуваат и дека нема потреба од дополнително регулирање на авторските права, бидејќи тие се веќе регулирани со друг Закон. 

„Заштитата на авторските права се прави преку суд, при што оној чие право е повредено треба да го заштити своето право на суд, но против оној кој го прекршил тоа право, а не против тој што само технички ја реемитува програмата, со регулирани права за реемитување. Измените на ЗААВМУ што сега се на сила се целосно непримелниви,  бидејќи на операторите кои реемитуваат програмски содржини им наметнува да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да имаат кривична одговорност. Ваквата ситуација создава дополнителна конфузија во целата област, бидејќи воведува одговорност на операторите за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано“, велат од Здружението.

Операторите се подготвени за средба и за изнаоѓање на решение на оваа ситуација, која, како што велат, им нанесува штети на сите страни, а најмногу на корисниците.

А вчера и директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за Фактор изјави дека Агенцијата за медиуми е разочарана од начинот на кој Собранието набрзина, во „пет до 12“ го донесе Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, но таа нема друг избор освен да ги донесе подзаконските акти.

АВМУ на седницата закажана за петок ќе ја стартува постапката за носење на подзаконските акти. „Законот е донесен, и дали нас ни се допаѓа или не, е друга работа, но ние како Агенција мораме да ги подготвиме подзаконските акти, кои ќе бидат усвоени во нацрт верзија на седницата во петок“, вели Трајчевски. 

Трајчевски е разочаран од начинот на кој властите набрзина го истуркаа овој закон, што не доликува на земја членка на Европската унија.

„Ние како Агенција воопшто не бевме консултирани, и исто како и целата јавност, разбравме од медиумите дека е донесен тој закон. А вакви значајни промени на законите не се носат во ваква процедура и во толку кус тајминг, пред распуштање на Парламентот, бидејќи можат да го загрозат и изборниот процес. И што е многу значајно, ние како АВМУ сега ќе треба да се ангажираме со правење на подзаконските акти, што ќе ни одземе многу време и ресурси, наместо целосно да се концентрираме на следење на изборниот процес“, вели Трајчевски. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден