29 Март, 2024
0.0259

ИМА ЛИ ОПЦИИ: Ранливата германска економија ја крши македонската

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Има ризици за македонската економија од случувањата во германската економија и тие стануваат се поголеми. Познавачите сугерираат дека Македонија мора да се фокусира на зголемување на интересот на Германците за повеќе домашни индустрии, но секако и кон обид да продаваме и на нови пазари со што ќе се намали зависноста само од Германија. Германскиот БДП порасна во 2019 година со стапка од 0,6 проценти, што впрочем значи дека економијата стагнира. Во време кога предизвиците се се поголеми особено Брегзит и силните потреси во автомобилската индустрија, меѓународните институции прогнозираат минимален раст на германската економија годинава од само околу еден процент.

Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија вели дека поради фактот што македонскиот извоз силно зависи од состојбите таму, како држава треба да се фокусираме на овој проблем. Во 2018 година трговската размена со Германија изнесува 4,3 милијарди долари што е безмалку 27 проценти од вкупната трговска размена на Македонија со светот односно 38 проценти од сета размена со Европската Унија. Суфицитот во размената со Германија во 2018 година изнесува 2,2 милијарди американски долари.

„На кус, па и на среден рок можеме само „да се молиме“ за добро на германската економија, со надеж дека последиците од Брегзит и останатите случувања нема да ја повлечат неа, а со тоа и нас во рецесија. Паралелно, мора да работиме на диверзификација на извозот во Германија, за да се избегне зависноста од побарувачката на производи само од неколку индустрии, но и да се фокусираме кон други пазари, со цел да се намали условеноста и „ранливоста“ на македонската економија, вели Димовска.


Таа сугерира дека е важно во иднина земјава да се залага за зголемено присуство во државава на германски директни инвестиции. Од 1997 година до 2018 германските директни инвестиции во земјава се само 320,8 милиони евра односно само 6 отсто од вкупните странски директни инвестиции.

„Со ова би обезбедиле нови работни места во државата, за сметка на актуелното иселување на нашите работници. Германија покрај увоз на производи увезува и работна сила од земјава  или отприлика 10.000 визи се издаваат годишно, што може да стане сериозен проблем за македонската економија во услови на дополнително либерализирани услови за работа таму кои се најавуваат од март оваа година, вели Димовска.

Македонија и Германија имаат и добра политичка соработка, односно земјава добива силна поддршка за ЕУ интеграциите.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат