29 Март, 2024
0.0252

ИМА ЛИ РАЗИДУВАЊА ВО ВЛАСТА - кој сака а кој не да се зголеми повратот на ДДВ

Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Додека скенирачите на фискали сметки се „острат“ за новата тура пари кои треба да легнат на нивните трансакциски сметки, што се очекува во февруари, нејасно е дали ќе успее идејата за зголемување на процентот на поврат на ДДВ, кој сега изнесува 15 отсто.

Од Министерството за финансии неодамна за Фактор децидно изјавија дека процентот останува 15 отсто, односно тој давал добри резултати, заедно со наградната игра, па Владата немала намера да ги менува сегашните правила на игра. 

Тогаш од Финансии рекоа дека „оној што се залага за пораст на процентот на поврат, треба да излезе и тоа јавно да го каже“.

Јавно никој не кажува, но се дознава дека од одредени владини кругови имало идеја процентот на поврат да се зголеми, а за сметка на тоа да се тргнат или да се намалат наградите од наградната игра. Тоа би довело до можност редовните скенирачи да добиваат кај себе повеќе пари како поврат, наместо „среќниците“ на кои ќе им се падне награда до наградната игра.

А дека првата дама во финансии Нина Ангеловска верува во мерката и наградната игра такви какви што се сега, покажуваат и бројни нејзини објави на социјалните мрежи. 

Таа неодамна на инстаграм објави фотографија како скенира фискална сметка од локал во кој е излезена, и на тој начин, како што наведе, и таа станува една од 200.000 граѓани во земјава кои скенираат и на тој начин се борат против сивата економија.

„Над 200.000 граѓани учествуваат во борбата против сивата економија која е штетна за растот и напредокот на нашата земја. Додека учествуваат имаат можност да бидат наградени за тоа и остваруваат право на поврат на ДДВ.

Ако се уште не сте се приклучиле симнете ја мобилната апликација и придружете се во борбата против неплаќачите.

Наградниот фонд на #МојаНаграда е 500.000€ а секој ден се доделуваат х10 наради, секој месец х15 наради од 100.000 денари и 2 главни награди од х3.000.000 денари ќе се доделат во текот на играта“, напиша Ангеловска на својот инстаграм профил.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап