20 Септември, 2020
0.0260

ИМА ЛИ ШАНСИ СТРУЈАТА ДА НЕ ПОСКАПУВА - Да, вели Бислимовски, ако се откажат енергетските компании

Објавено во: Економија 08 Август, 2020

Ако ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ ги повлечат барањата за поскапување на струјата, тогаш и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја повлече одлуката за нејзино поскапување. 

Ова е најновата изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. 

Тој нагласува дека се е можно, но само ако енергетските компании достават нови барања и се согласат дека ќе работат без добивка.

„Доколку ЕЛЕМ односно ЕСМ и МЕПСО кажат дека сакаат да се намали електричната енергија и достават други податоци, тогаш РКЕ во рок од три дена има можност да ги промени своите одлуки, но повторувам дека станува збор за трошоци кои РКЕ ги сведе на минимум“, изјавил првиот човек на регулаторите. 

Според Бислимовски, со овие цени кои се одобрени, енергетските компании ќе работат само за да ја преживеат годината. Поточно, екстра приходите што ги добивала ЕЛЕМ од продажбата на вишоци, годинава ги нема, односно компанијата имала пад од 17 милиони евра. Од друга страна и МЕПСО има помали приходи од транзитирање на струјата, и тоа од околу 11 милион евра.

Сојузот на синдикатите на Македонија вчера жестоко се спротивстави на намерите за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто. Оттаму сметаат дека оваа одлука е избрзана, и ако власта остане на неа, тогаш за ист процент треба да се зголемат и платите и пензиите. 

Можеби ќе ве интересира

Трифун Костовски: Се слушнав со Заев, но остана недоречен

Трифун Костовски: Се слушнав со Заев, но остана недоречен

Груби: И Македонците ќе може да се вработуваат со субвенции каде што се помалку застапени

Груби: И Македонците ќе може да се вработуваат со субвенции каде што се помалку застапени

ССМ со четири предлози до Владата за надминување на ковид-кризата

ССМ со четири предлози до Владата за надминување на ковид-кризата

Тајкуните во САД побогати за 845 милијарди долари во кризата

Тајкуните во САД побогати за 845 милијарди долари во кризата

Одржана 36. сесија на Клубот на истражувачите

Одржана 36. сесија на Клубот на истражувачите

А1 Македонија: Зачуваниот мобилен интернет може да го размените за друга услуга

А1 Македонија: Зачуваниот мобилен интернет може да го размените за друга услуга

Јосифовски побара од Бесими да се укине царината за увоз на природен гас

Јосифовски побара од Бесими да се укине царината за увоз на природен гас

Мукаетов до Бесими: Да не плаќаме двојно данок за дополнителното здравствено осигурување на вработените

Мукаетов до Бесими: Да не плаќаме двојно данок за дополнителното здравствено осигурување на вработените

Десет милиони евра од државата како гаранции за кредити на фирмите

Десет милиони евра од државата како гаранции за кредити на фирмите