28 Март, 2024
0.0268

Има ли спас за капиталните инвестиции, катастрофа и во вториот месец

Објавено во: Економија 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Само 3,53 отсто од предвидените капитални расходи за годинава биле потрошени до крајот на февруари годинава. Февруарскиот извештај за реализација на буџетот покажуваат дека динамиката на слаба реализација на овие трошења која траеше цела мината година продолжува и годинава. Ако во јануари властите успеаја да потрошат 1,1 отсто од предвидените пари, до крај на вториот месец процентот пораснал само до 3,53 проценти. За споредба сите останати буџетски ставки и на приходната и на расходната страна се реализирани со процент од околу 15 отсто што е и очекувано, ако се планира комплетна реалзиација на планот.

За годинава Владата предвиде да потроши од буџетот над 422 милиони евра за капитални проекти. Тоа се пари кои се трошат за значајна инфраструктура, за изградба на патишта, болници, училишта, градинки. Сепак впрочем како и во минатото и покрај предвидувањата, парите не се трошеа во целост. Минатата година реализацијата беше катастрофална и покрај ребалансот, сега годината повторно почна лошо. Од парите потрошени се само едвај 15 милиони евра или точно 3,53 отсто.

Податоците за извршување на буџетот од друга страна покажуваат солидна реализација на приходите и на расходите. На расходната страна реализирани се над 14 отсто од планираните трошоци. И приходите се со речиси идентична реализација, или заклучно со вториот месец собрани се 14,2 отсто од предвидените приходи. Во овој дел и во јануари имаше голем скок на неданочните приходи. Имено тие за два месеци се реализирани во целост и дополнително уште 40 отсто над проекцијата или вкупната реализација за два месеци е 139 отсто.
Претходно Народната банка објави дека ова се должи на пензиската реформа односно префрлувањето на дел од членовите на приватните пензиски друштва од вториот столб единствено кон државниот ПИОМ

Владата најави дека годинава ќе биде економска година, а градежништвото повторно ќе биде мотор на растот. Тоа треба да ги набилда и капиталните инвестиции, но останува да се види дали тоа навистина ќе биде така. Засега бројките не докажуваат.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон