24 Април, 2024
0.0312

ИМА ПОДДРШКА ОД САД И УШТЕ 10 ЗЕМЈИ: Кој е човекот што се самопрогласи за претседател на Венецуела и почна протести

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Двајца претседатели, една држава - така денес изгледа Венецуела, откако неодамна непознатиот лидер на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател и директно го предизвика Николас Мадуро, кој не му отстапува власт.

Успонот на Гваидо од, како наведува АП, непознат политичар до самопрогласен привремен претседател, кој го поддржуваат САД, за само три недели, се случило со метеоролошка брзина.

Гваидо како привремен претседател го признаа САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај. Чиле, Перу, Гватемала, Костарика и Албанија.

Неколкумина граѓани на Венецуела слушнале за „новото лице“ , 35-годишниот пратеник кога во почетокот на јануари е именуван за претседател на парламентот, кој е под контрола на опозицијата.

Таквиот потег предизвика високоризичен застој во односите со претседателот Николас Мадуро, кој и „дома“ и во странство се почесто го обвинуваат дека е диктатор, констатира АП.

Наместо да се повлече , Гваидо ги оставил затекнати Венецуелците, кога пред своите следбеници во Каракас, се прогласи за привремен претседател, е поттикнат од масовните антивладини протести.

Истиот момент ја доби поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, Канада и бројни латиноамерикански земји, како и Организацијата на американските држави.

Како клуч на успонот на Гваидо до истакната функција АП го наведува тајмингот и поддршката која ја добил зад сцена.

Индустрискиот инженер кој првото политичко искуство го имал во текот на движењето на студентските протести пред десет години е избран за пратеник во Собранието на Венцуела во 2015, а во текот на првото овогодишно заседание е именуван за нејзин претседател.

Хуан пораснал во крајбрежниот град Ла Гвари како едно од осум деца, а студирал машински на Католичкиот универзитет Андрес Белјо во Каракас.

Неговото семејство останало без кров над глава кога Хуан имал 15 години, кога големо невреме ја зафатило државата Варгас.

Гваидо е оженет со Фабијана Росалес, а нивната ќерка Миранда се родила на врвот на протестите во 2017, во текот на кои тој е погоден во врат со пластичен проектил,а претрпел и скршеници на рацете при пресметка со полицијата.

Гваидо во 2009 со Леополд Лопез станал еден од основачите на политичката партија Народна волја , која се кренала против наводните кршења на слобода на човековите права.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија