ИМА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА И ЗГРУТЧУВАЊЕТО НА КРВТА: ЕМА денеска обелоденува
Објавено во: Свет 06 Април, 2021
Марко Кавалери,
шефот на одделот за вакцини во Европската агенција за лекови во интервју
објавено денеска во италијанскиот весник „Il Messaggero“ изјави дека постои
врска помеѓу вакцината АстраЗенека и случаите на згрутчување на крвта, наведува Medicalxpress.com.
-Според мое мислење, можеме да го кажеме тоа сега, јасно е дека има врска со вакцината. Но, сè уште не знаеме што ја предизвикува оваа реакција", вели Кавалери во интервјуто.
Тој рече дека „во следните неколку часа, ќе потврдат дека има поврзаност, но сепак, како што вели, треба да разберат како се случува ова“.
Откако неколку земји ја прекинаа употребата вакцината на АстраЗенека, вклучувајќи ја и Италија, ЕМА објави дека придобивките од неа ги надминуваат ризиците и дека треба да останат во употреба.
Сепак, оттаму нагласија дека е можна врска помеѓу случаите на згрутчување на крвта кај некои кои ја примија оваа вакцина, и се очекува оваа недела да излезат со дополнителни проценки.
-Се обидуваме да добиеме прецизна слика за тоа што се случува, детално да го дефинираме овој синдром заради вакцината. Меѓу вакцинираните, има повеќе случаи на церебрална тромбоза ... кај млади луѓе, повеќе отколку што би можеле да очекуваме, рече Кавалери.