26 Јануари, 2021
0.0192

Имаат симптоми и кашлаат: Горили заразени со корона вирусот

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2021

Корона вирусот досега често беше потврден кај домашни миленичиња и кај мачиња и кај кучиња, а и кај некои други животни, но веќе има случај на заразени горили. Зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија соопшти дека прв пат во САД има потврдени случаи на заболени големи мајмуни. Дел од инфицираните горили имаат и симптоми и кашлица. 
Се претпоставува дека осумте горили се заразени со Ковид-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето на строгите протоколи за биолошка безбедност согласно насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Зоолошката градина тестирала примероци од фекалии на горилите, откако минатата среда две од животните почнале на кашлаат, се наведува во соопштението.

Вирусот е потврден кај неколку но се претпоставува дека е заразена цела група од пет женки и тројца мажјаци затоа што сите живеат заедно. .

Три горили моментно покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица, а целата група е под постојан надзор.

– Освен кашлицата, горилите добро се снаоѓаат. Групата останува заедно, но е во карантин, изјави генералната директорка на Сафари паркот, Лиса Петерсон.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Скијач едвај се спаси откако го бркаше мечка во познато скијалиште

(ВИДЕО) Скијач едвај се спаси откако го бркаше мечка во познато скијалиште

Нема да се спасиме од коронавирусот ни во 2021 година, тврди СЗО

Нема да се спасиме од коронавирусот ни во 2021 година, тврди СЗО

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

ПЛИТИДЕПСИН: Шпански лек кој се користел за третман на тумори покажува силна ефикасност во лечење на короната

ПЛИТИДЕПСИН: Шпански лек кој се користел за третман на тумори покажува силна ефикасност во лечење на короната

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) Негувателка бездушно малтретира старица болна од деменција

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) Негувателка бездушно малтретира старица болна од деменција

МЕРКЕЛ СО КРАЈНО ПЕСИМИСТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пандемијата излегува од контрола

МЕРКЕЛ СО КРАЈНО ПЕСИМИСТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пандемијата излегува од контрола

Соопштиле дека е почината од коронавирусот, а по девет дена од погребот жената се појавила

Соопштиле дека е почината од коронавирусот, а по девет дена од погребот жената се појавила

Британска јутуберка е во кома поради ковид по породувањето

Британска јутуберка е во кома поради ковид по породувањето