ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2025 16:18
Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски поради тешки дисциплински прекршувања.
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје, Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.
„Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, против кого се водеше една постапка, нестручно и несовесно постапил во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. За ова на овој јавен обвинител изречена му е дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30 отсто од платата во траење од 6 месеци од правосилност на решението“, кажа денеска Дисциплинската комисија.
За Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје Хајрулахи, се воделе две одвоени дисциплински постапки.
„Во едната, Комисијата утврди дека е одговорен поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје, а во другата за нестручните одлуки донесени во три од наведените предмети, бидејќи пред него биле реферирани и со негова согласност биле донесени одлуките. Со оглед на утврдените тешки дисциплински повреди во двете постапки, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје“, вели Дисциплинската комисија.
Комисијата одлучила дека постои застареност на предлогот единствено во однос на наводите за сторена уште една тешка дисциплинска повреда од Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје, кои се однесувале на нарушување на угледот на Јавното обвинителство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив
