19 Април, 2024
0.0240

Имаме стар возен парк, половина од возилата се со дизел-мотори

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Според податоците на Макстат базата, просечната старост на патничките автомобили во 2018 година во нашата држава е 19,1 години. На патиштата во 2018 година имало вкупно 415.000 патнички возила од кои 86,7 проценти или над 360.000 биле постари од десет години.

Само 9.000 патнички возила или 2,2 процента од вкупниот број во 2018 година биле понови од две години, додека 11.000 автомобили или само 2,7 проценти биле понови од пет години .

Имаме 194 автомобили на 1.000 жители, што нѐ прави најмалку моторизирана држава во Европа. Најмногу или 670 возила на 1.000 жители има Луксембург, по што следуваат Финска со 617 и Малта со 613 возила. Од регионот најмногу возила на 1.000 жители има Словенија и тоа 540 возила, па Грција со 487, па Бугарија со 393 автомобили. 

Половина од возилата на патиштата во 2018 година биле со дизел-мотори,односно имало 208.805 возила со погон на дизел-гориво, наспроти само 44 електрични возила, чиј удел е незначителни 0,01 процент.

Истовремено, 194.384 возила или 46,7 проценти биле со бензински мотор, додека само 2,8 проценти или 11.706 возила биле со погон на течен нафтен гас (ТНГ).

Уделот на патнички возила со алтернативен погон на ниво на Европската Унија останува низок. Во повеќето земји од Европската Унија патничките возила со алтернативен погон се под 1 процент од вкупниот број на возила. Најпозитивен пример е Полска, каде во 2017 година уделот на возила со алтернативен погон достигнува 15 проценти и тоа благодарение на големиот број возила во кои е вграден уред за погон со течен нафтен гас (ТНГ).


Помалку од пет проценти од возилата на нашите патишта имаат еуро 5 или еуро 6 стандард

Според податоците од Макстат базата околу 86 проценти од патничките возила во нашата земја се постари од 10 години и имаат еуро 1, 2, 3 или 4 стандард. Според процените, во 2018 година на нашите патишта имало околу 11.000  возила со еуро 5 стандард или само 2,7 проценти, додека со највисоко ниво на еколошки стандард еуро 6 биле околу 9.000 возила или 2,2 процента.

Европската Унија во 1992 година го претстави еуро стандардот на емисија на гасови од моторни возила, што од година во година се заострува со цел намалување на емисијата на штетни гасови. Еуро стандардот ги опфаќа и мери емисијата на азотни оксиди - NОх, јаглерод моноксид - CО, јаглеводород - CН и цврсти честички - PМ.


Според податоците од табелата во просек три возила кои исполнуваат еуро 5 стандард на емисија на штетни гасови загадуваат исто како едно возило со еуро 1. Две возила со еуро 5 емитуваат иста количина штетни гасови како возило со еуро 2, 3 или 4 стандард. Доколку се земе предвид дека на нашите патишта има 360.000  возила со еуро 1, 2, 3 или 4 стандард, тогаш тие во најмала рака загадуваат двојно повеќе, односно како да сме имале повеќе од 700.000 возила со еуро 5 на нашите патишта во 2018 година.

МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ   


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година