28 Март, 2024
0.0253

ИМАТЕ УШТЕ САМО ДВА ДЕНА ЗА ОДГОВОР ДО БАНКИТЕ - најдоцна до понеделник кажете им дали сакате одложување

Објавено во: Финансии 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Некои денеска, некои најдоцна во понеделник треба да ги донесат своите одлуки дали ќе прифатат плаќањето на нивните кредитни обврски да биде „замрзнато“ шест месеци, односно до крајот на септември годинава, и за тоа да ги известат банките преку мејловите што им беа испратени, или преку линковите кои за таа намена ги објавија комерцијалните банки на своите веб страници.

За тоа какви беа понудите на речиси сите банки во земјава, Фактор уште еднаш потстува на анализата што ја направивме со условите што ги објавија сите банки на своите веб страници. 

Од неа може да се види дека некои банки го дале 10 април, односно денешниот ден како финален рок за изјаснување на нивните клиенти кредитокорисници, некои го навеле понеделник, односно април, а некои во понудата имаат објавено дека таа важи во рок од 10 дена од нејзиното објавување. 

Како и да е, нашиот совет е граѓаните што не го сториле тоа, уште денеска да ги погледнат убаво понудите од банките, да ги донесат своите одлуки, и да ги информираат банките на начините што тие ги претставија пред јавноста.

Инаку, речиси сите банкарски институции нудат шестмесечен грејс период, односно сите клиенти ќе добијат толкав перид на одложување на кредитните обврски.

Она што крена најмногу бура во јавноста, е фактот што банките сепак ќе ја пресметуваат каматата додека трае грејс периодот, бидејќи, како што велат оттаму, во тој период е неопходно да остваруваат приходи, а во спротивно ќе мораат да влезат во загуби, што понатаму би ја ограничило нивната можност за кредитирање.

Сепак, банките даваат олеснети услови за отплаќање на каматата, со цел тој товар да не падне одеднаш врз граѓаните.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“