18 Април, 2024
0.0270

ИМПОРТЕРИТЕ НА НОВИ ВОЗИЛА ГО ПОЗДРАВУВААТ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Република Северна Македонија минатата година беа увезени 37.000 возила. Од нив 88 отсто биле стари употребувани возила, при што од оваа категорија речиси 90% биле дизел возила. За да се смени состојбата со возниот парк во земјава, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, Царинската управа подготви Предлог закон за данок на моторни возила кој има за цел да го намали и обесхрабри купувањето на возила кои не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добро состојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Новите законски одредби се очекува да придонесат за зголемување на уделот на возила кои се енергетски ефикасни и кои нема да придонесуваат кон зголемено загадување на животната средина.

Ова беше истакнато на вчерашната средба на претставници на Царинската управа со дистрибутерите на нови возила во земјава на која увозниците на нови возила беа запознаени со предложените законски одредби и бенефитите кои од нив ќе ги има државата. Притоа, беше посочено дека станува збор за прв закон со кој се излегува од фискалниот аспект и приоритет добива еколошкиот аспект. Имено, приходот од данокот на возила, во споредба со приходите остварени од наплатата на сегашната акциза од патничките автомобили, се очекува да остане во истите рамки.

Со новиот Закон точно се дефинирани моторните возила кои се предмет на даночење и возила кои не се предмет на даночење, како и категории на возила кои се ослободуваат од плаќање данок на моторни возила. Па така електричните возила се изземени од обврската за плаќање данок на моторни возила. За да се стимулира замена на возниот парк во делот на бизнисот, доставните возила од типот “van” и комби возила кои спаѓаат во категоријата на товарни возила и се наменети за превоз на стоки се исто така изземени од плаќање на данок на моторни возила. Патнички комби возила за превоз на 8 или 9 патници, за амбулантни возила, за возила за превоз на починати лица и кампер возила исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платен данок за моторни возила.

За останатите категории возила е подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз каде, освен цената во возилото, ќе се зема предвид и емисијата јаглерод диоксид - CO2. Начинот на пресметка ќе биде преточен во посебна Уредба која ќе ја донесе Владата. Според новата методологија еколошките возила кои се и технолошки понови добиваат бенефит во рамки на оданочувањетонаспроти возилата со иста вредност а кои се технолошки постари и се со повисоки износи на емисија на јаглерод диоксид - CO2. Со ова еколошките возила со пониска стапка на емисија на CO2  стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои имаат повисок степен на загадување со CO2

Заради усогласување со препораките и добрата пракса во повеќето земји на ЕУ, воведени се  нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 см3, четирицикли или “ATV” возила, “pick-up” возила, а со цел воведување на еколошка компонента на даночење во зависност од нивото на емисија на јаглерод диоксид - CO2.и нивото на емисија преку Euro норма.

Увозниците на нови возила го поздравија новиот Предлог закон и во дискусијата се разјаснија одредени дилеми, особено во однос на данокот на хибридните возила.

Во насока на запознавање со новите законски одредби и бенефитите од нив за целата заедница, Царинската управа и во наредниот период ќе продолжи со средби со претставници на увозниците на стари возила, како и со невладините организации кои делуваат во насока на заштита на животната средина. 

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ