29 Март, 2024
0.0246

Ина Суслина останува да живее во Македонија и покрај распадот на екипата

Објавено во: Стил 15 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Искусната голманка и миленичка на вардаровата публика Ина Суслина не планира да го промени местото на живеење и покрај тоа што екипата се растура на крајот од оваа сезона, објави 24 Ракомет.

Русинката во својата изјава за 24 Ракомет го потврди ова и рече дека Македонија останува нејзино место на живеење. Засега е неизвесно која ќе биде нејзината натамошна улога односно дали ќе остане дел од новиот Вардар во улога на тренер или можеби ќе биде сосема надвор од ракометот.

„Јас го сакам Скопје. Планирам да останам да живеам во овој град бидејќи сум заљубена во него. Тука ми е преубаво и тука ја гледам мојата иднина“, изјави светската шампионка од Франција 2007.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи