Инцидент во Собранието меѓу две пратенички
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Инцидент имаше денеска на седница во Собранието.
„Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш“, викаше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и удираше на масата пред колешката Нола Исмајлоска-Старова.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја смируваа нивната колешка, тргајќи ја настрана.
Со 80 гласа „За“ денеска во Собранието беше изгласан Законот за одбрана. За Законот не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не беа ниту во салата.
По завршување на гласањето, во салата влегоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исмајловска-Старова пред гласањето од говорницата кажа дека лицемерно е што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за Законот за одбрана, кога 7 пратеници меѓу кои и Жаклина Пешевска гласале за промена на името на Армијата во Армија на Република Северна Македонија, кога ги поддржале измените на Законот за служба во Армијата.