Индија со најевтин интернет на мобилен во светот, Словенија и Албанија на Балканот
Објавено во: Економија 18 Март, 2019
Британскиот портал cable.co.uk ја истражува цената на мобилните интернет гигабајти во светот, а анализата на 6.313 мобилни интернет-пакети во 230 земји покажа дека најевтиниот е во Индија - 0,23 евра за гигабајт, додека во Зимбабве е најскапиот - 66,7 евра за гигабајт.
Индија, чија млада популација има особено висока технолошка свест, нуди "жив" пазар на паметни телефони, со брза адаптација и голема конкуренција. Ова се причините зошто мобилниот сообраќај е многу евтин, според извештајот.
Зад Индија, најевтините пазари се во Киргистан, Казахстан и Украина. Во Русија е само 0,81 евра ако се земе просекот на понудата.
Меѓу најразновидните пазари во Западна Европа, најевтиниот мобилен интернет е во Финска (1,03 евра за гигабајт) поради сеприсутноста на мобилните интернет-пакети без ограничување на податоците.
Најскапата држава во Западна Европа е Швајцарија, чиј главен оператор Swisscom е една од водечките европски компании кои работат на воведување на мрежата 5G.
Во регионот, Словенија во просек нуди најевтини мобилни пакети, со просечна цена од 1,96 евра од гигабајт. Мобилниот интернет гигабајт во Босна и Херцеговина во просек чини 3,18 евра, слично на оној во Македонија, каде што цената на гигабајтите изнесува 3,21 евра.
Во Црна Гора, просечната цена на гигабајти изнесува 3,78 евра, во Србија 4,28 евра, а во Хрватска 4,34 евра.
Во Грција е дури 29,01 евра во просек, во Бугарија чини 6,34, додека во Албанија е 2,86.
Во Романија е 1,68 евра средната цена на сите пакети.