Индиски гуру осуден за силување на малолетно девојче
Објавено во: Свет 25 Април, 2018
Индиски духовен
гуру кој тврди дека има милиони следбеници низ целиот свет, е прогласен за
виновен за силување.
Судот во северниот град Џодхпур пресуди дека Асарам Бапу во 2013 во неговиот ашрам силувал 16-годишно девојче.
Тој вели дека ќе поднесе жалба против пресудата во повисокиот суд.
Гуру има 77 години и 400 ашрами ширум светот каде што предава медитација и јога. Нему, исто така, му се суди и за друг случај на силување во државата Гуџарат.
извор: BBC