18 Април, 2024
0.0252

ИНФЕКТОЛОГ ОД АВСТРИЈА: За имунитет на стадо не мора да заболат 70 отсто, доволни се и 42 проценти

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Порано или подоцна сите ќе се заразиме со новиот коронавирус, предупредува австрискиот инфектолог Франц Алербергер, дополнувајќи дека не верува оти вирусот ќе биде искоренет во следните неколку години.

„Овој вирус ќе ни остане. Секој од нас, порано или подоцна ќе има коронавирус, освен ако пред тоа не умре“, вели директорот на Одделот за јавно здравје на Агенцијата за здравство и безбедност на храна. Алербергер вели дека мора да научиме да живееме со короната во следните месеци, ако не и години, пренесува порталот Инфо.мк.

Тој како добра страна посочува дека смртноста не е толку висока како што се сметаше пред 10 месеци, кога мислеле дека изнесува 30 отсто. Алербергер се повика на студија на универзитетот Станфорд, според кој смртноста е 0,23 отсто, потенцирајќи дека треба да се заштитат повозрасните, бидејќи меѓу нив смртноста е поголема.

Во изјавата за австриското радио „Ое3“ инфектологот рече дека не очекува лек против вирусот, бидејќи лекови против вирус „можат да се избројат на една рака“, а широко достапна вакцина може да се очекува најрано во јули следната година.

Според инфектологот, добрата вест е што новите студиии укажуваат дека за да се постигне колективен имунитет, т.н. „имунитет на стадо“ не е потребно да се зарази 70 до 80 отсто од населението.

„Податоците од Бергамо или Вухан, на пример, покажуваат дека стапка на зараза од 42 проценти може да значи дека луѓето повеќе не се заразуваат меѓусебе. Истражувањето на оваа тема е во тек и доколку се покаже точно, тоа ќе значи побрзо олабавување од што претходно сметавме“, рече австрискиот инфектолог.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете