Инфектологот Стевановиќ испрати итна порака
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2020
Директорот на
Клиниката за инфективни и тропски болести на КЦС, Горан Стевановиќ, вели дека
не се зголемува бројот на пациенти со тешка клиничка слика, но дека расте
бројот на пациенти со респираторни проблеми кои се јавуваат во амбулантите на
преглед.
Тој потенцираше дека расте бројот на прегледи и позитивни пациенти во регионот и воопшто во Европа, бидејќи луѓето се враќаат од годишните одмори, започнува учебната година и започнуваат собирањата во затворено, бидејќи летната сезона е при крај.
Српскиот инфектолог наведува дека во моментов на Клиниката за инфективни болести нема проблем со капацитетот за сместување, но исполнетоста во одделите интензивна нега е на повисоко ниво отколку што се очекуваше. Затоа тој испрати итна порака до граѓаните на Србија, поради фактот што наскоро не очекува есенскиот бран на ковид:
- Апелирам до граѓаните да носат маски, да држат дистанцата, да се грижат за хигиената на рацете, да избегнуваат ризични настани, вели д-р. Стевановиќ.