29 Март, 2024
0.0263

Глувчешка треска ни тропа на врата, инфектолозите смируваат

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Пред една недела во регионот, поточно во Словенија беа регистрирани случаи со глувчешка треска. Сериозна заразна болест која може да биде опасна по човековиот живот. Инфектолозите во земјава смируваат и велат дека кај нас нема регистрирани случаи на оваа акутна инфективна болест.

„Во Македонија нема регистрирано случаи со глувчешка треска. Оваа болест ја пренесува полскиот глушец, кој вирусот го ифрла преку своите екскрети. Човекот се инфицира кога ќе дојде во контакт со овие екскрети. Инфекцијата најчесто се јавува кај војници, шумари, земјоделци и ловџии, кои многу лесно доаѓаат во контакт со заразен материјал. “, тврди за Фактор инфектолот Катица Марангозова.

Марангозова вели дека за оваа болест сеуште нема вакцина и истата се лекува сиптоматски. Карактеристични симтоми за глувчешка треска се висока температура, силна главоболка и болка во стомакот.

„Симптомите кои покажуваат знаци дека ја имате болеста се треска, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, слабост, стомачни тегоби. Но, може да се појави и исип со појава на мали точкести крварења по кожата и слузокожите, намален крвен притисок, тахикардија, исто така може да дојде и до акутна бубрежна инсуфициенца т.е намалено мокрење“, потенцира Марангозова.

Инаку во Словенија, како што пренесуваат медиумите од таму, во тековната година имало регистрирано 70 случаи со глувчешка треска, најголемиот дел од нив биле регистрирани во југоисточниот дел од земјата.

Превенција од оваа болест е уништување на глоцарите, односно дератизација но и со зголемување на личната хигиена.


Н.М.

Фото - OneKindPlanet


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите