01 Јуни, 2023
0.0298

ИНФЛАЦИЈАТА ИМ ЗАДАВА ГЛАВОБОЛКИ НА МИНИСТРИТЕ ЗА ФИНАНСИИ, А И КРЕДИТИРАЊЕТО МОЖЕ ДА „ПОСКАПЕ“: ЕЦБ сигнализира зголемување на каматите

Објавено во: Економија 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер,за време на состанокот на министрите за финасии на еврозоната, рекордната инфлација ја нарече „програма за осиромашување“ и „закана за економскиот развој“, пренесоа светските агенции.

„Борбата против инфлацијата мора да биде главен политички приоритет на европско ниво“, рече Кристијан Линднер, нарекувајќи го неодамнешниот пораст на потрошувачките цени причина за „најголемата грижа на населението“.

Земјите од еврозоната се соочуваат со рекордна инфлација, која во април во просек изнесуваше 7,4 отсто. Естонија и Литванија, најпогодените земји во еврозоната, забележаа раст на цените за 19 отсто, односно 16,6 отсто.

Порастот на потрошувачките цени главно се должи на скокот на цените на енергенсите и пореметувањата во синџирите на снабдување, што дополнително се влоши со војната во Украина.

„Високите цени на енергијата и другите стоки на светските пазари значат дека, на континентот, нашата куповна моќ е намалена“, рече Пашал Донохое, министер за финансии на Ирска.

„Сепак, сега сме поотпорни да се соочиме со овој нов шок“, рече Донохое, наведувајќи ги минатите заштеди, „здравите биланси во финансискиот сектор и флексибилноста и агилноста на економијата“ како позитивни показатели.

Европската комисија ја ревидира својата економска прогноза

Минатата недела Европската комисија ја ревидираше својата економска прогноза, приспособувајќи ја својата проекција за економски раст во Европската унија и еврозоната во 2022 година на 2,7 отсто, од претходните 4 отсто.

Линднер ги повика земјите од еврозоната „да направат се што е можно за да ја вратат стабилноста што е можно поскоро“, предлагајќи намалување на дефицитот и јавна потрошувачка заснована на долгови за да се олесни инфлацијата.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека кредитирањето наскоро би можело да поскапе.

„Врз основа на тековната перспектива, најверојатно ќе бидеме во позиција да излеземе од негативните каматни стапки до крајот на третиот квартал“, напиша Лагард, давајќи најјасна индикација дека ЕЦБ се движи кон своето прво зголемување на каматните стапки по низа години.

Во моментов основната депозитна стапка на централната банка е минус 0,5 отсто. Главната стапка на рефинансирање е нула.

Понатамошните зголемувања на стапките ќе зависат од изгледите за инфлацијата, рече Лагард, предупредувајќи дека „темпото и целокупниот опсег на приспособувањето не можат да се одредат“ однапред.

ФОТО: EPA/Thomas Lohnes

Можеби ќе ве интересира

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица

„Фактор анализа“: Од 10 до 110! Кои се најголемите трговци на големо во Македонија?

„Фактор анализа“: Од 10 до 110! Кои се најголемите трговци на големо во Македонија?

ПОЧНАА ДА ЛЕТААТ ОТКАЗИ: Осум илјади работници ќе останат без работа заради вештачката интелигенција

ПОЧНАА ДА ЛЕТААТ ОТКАЗИ: Осум илјади работници ќе останат без работа заради вештачката интелигенција