28 Септември, 2024
0.0274

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ПОРАСНА: Романија, Белгија и Хрватска бележат најголеми поскапувања

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Инфлацијата во ЕУ благо забрза во мај, првпат од крајот на 2023 година, следејќи го трендот во еврозоната, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба „Евростат“.

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната минатиот месец изнесуваше 2,6 отсто, што претставува раст за 0,2 процентни поени во однос во однос на априлските 2,4 проценти, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 отсто или за 0,1 процентен поен повеќе во однос на април 2024 кога изнесуваше 2,6 проценти, соопшти Евростат. 

Цените во мај пораснале за 2,6 отсто

Цените во еврозоната во мај пораснаа за 2,6 отсто, додека пак во април тие биле за 2,4 отсто повисоки во однос на истиот месец лани. Растот на цените забрза во мај и во еврозоната и во ЕУ за прв пат од крајот на минатата година.

На месечна основа, цените во двете области во мај пораснале за 0,2 отсто, пресмета Европскиот завод за статистика. Во претходниот месец тие се зголемија и во еврозоната и во ЕУ за 0,6 отсто.

Најскапите услуги

Во мај цената на услугите најмногу пораснала во еврозоната, за 4,1 отсто во однос на истиот период лани. Цената на свежата храна порасна за 1,8 отсто, посилно од претходниот месец. Цените на енергијата се зголемија за прв пат по нешто повеќе од една година, за благи 0,3 отсто, пресметаа статистичарите.

Во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 6,1 отсто, а во ЕУ 7,1 отсто.

Скок во Романија

Највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во мај забележа Романија, од 5,8 отсто, објави Евростат. Следеа Белгија и Хрватска, членки на еврозоната, со раст на потрошувачките цени мерен со ХИЦП за 4,9 односно 4,3 отсто во однос на ланскиот мај. Во април цените мерени со ХИЦП се зголемија во Хрватска за 4,7 отсто.

Во групата земји со раст на цените блиску до нивото од четири отсто се и Унгарија, Шпанија и Португалија, каде што забележаа раст од приближно 3,8 отсто. Финска забележа најниска годишна стапка на инфлација во мај, од 0,4 отсто.

Во Летонија цените стагнираа, покажува извештајот на Евростат.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО КАЗАХСТАН: Прва подружница на компанијата во Азија

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО КАЗАХСТАН: Прва подружница на компанијата во Азија

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија

КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис